Каталонија на нозе: Меси многу блиску до враќање во Барселона!

Голема е веројатноста Лионел Меси на лето да се врати во Барселона. Најпознатиот спортски новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо пренесе дека работите одат о тој правец. Потпретседателот на каталонците Рафа Хусте потврди дека е почната мисијата „враќање на Лео во Барселона.

Тој кажа дека клубот е во контакт со претставниците на Меси, и дека сите сакаат Аргентинецот да се врати во Барса.

„Пред две години бев во преговорите за продолжување на договорот, и знам колку беше тешко да го пуштиме да си оди. Знам дека тој ја сака Барселона и ќе пробаме да најдеме вистински услови за продолжување на неговата приказна“, рече Хусте.

Романо потврдува дека Аргентинецот има понуда за продолжување со ПСЖ, но дека одолговлекува, а причината за тоа била токму Барселона.

Меси практично потекнува од шпанскиот клуб. Тргна од младите категории од 2004 година, а по 17 години минати во клубот, во 2021 година мина во ПСЖ.

Се вчитува...