Меси го брка рекордот на Пеле

Лионел Меси доби одмор на последниот меч од ЛШ, но аргентинскиот ас се враќа во стартниот тим на Барселона за вечерашното гостување против Кадиз. Меси ќе има огромен мотив на овој меч, со оглед на фактот дека го брка светскиот рекорд на Бразилецот Пеле, за најмногу постигнати погодоци носејќи го дресот на еден клуб.

Пеле во периодот од 1957 до 1974 година како член на Сантош постигна вкупно 643 погодоци. Меси досега има 641 гол како член на Барселона, па има можност со хет-трик на вечерашниот дуел да го урне рекордот на бразилската фудбалска легенда.

Воедно, интересен е податокот дека Кадиз е еден од само осумте клубови во Шпанија против кои Меси има играно, но нема постигнато гол во Ла Лига. Тоа беше меч одигран на 17 декември 2005 година, на кој Барса славеше со 3-1, а Аргентинецот запиша асистенција, но не и погодок.

Се вчитува...