Меси го урна рекордот на Пеле (видео)

Лионел Меси и официјално е новиот апсолутен рекордер кога станува збор за број на постигнати погодоци во дресот на еден клуб. Аргентинецот претходно го израмни рекордот на Пеле, а на вечерашниот дуел со Валјадолид и го надмина остварувањето на бразилската фудбалска легенда, стигнувајќи до голот број 644 во дресот на Барса (Пеле имаше 643 како член на Сантош).

Барселона веќе имаше водство од 0-2 кога каталонскиот тим изведе одлична тимска акција, Педри беспрекорно го проигра Меси, а аргентинскиот генијалец рутински ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...