Аргентина ниту на вториот натпревар од Копа Америка не успеа да стигне до триумф, ремизирајќи 1-1 против селекцијата на Парагвај.
Лионел Меси постигна гол за израмнување, но и тоа беше недоволно да се стигне до цел плен. Аргентинците не само што не забележаа победа, туку и треба да бидат среќни поради ремито бидејќи Парагвај во финишот не реализираше пенал, откако голманот Армани го одбрани ударот од белата точка на Дерлис Гонзалез.
Аргентина во третото коло од групата ќе се сретне со Катар, меч на кој „гаучосите“ мораат да победат за да се пласираат во следната рунда од Копа Америка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА