Меси и соиграчите синоќа на итен состанок побарале: Сампаоли да си оди!

Аргентинските медиуми и комплетната јавност како главен виновник за дебаклот на Аргентина досега на СП 2018 го сметаат селекторот Хорхе Сампаоли.

Сампаоли беше мета на критичарите на Аргентина уште пред почетокот на првенството затоа што одлучи да не ги повика во тимот Мауро Икарди и Хавиер Пасторе, а синоќа против Хрватска на клупата ги остави Паоло Дибала, Гонзало Игуаин и Анхел Ди Марија од само за него познати причини.

Според пишувањата на аргентинците медиуми, репрезентативците синоќа по поразот од Хрватска одржале меѓусебен состанок од кој единствениот заклучок бил: Селекторот Сампаоли да си оди! Наводно, Меси и соиграчите биле цврсти на ставот дека не сакаат Сампаоли да ги води ниту на последниот меч од групата на СП 2018.

Оваа нивна одлука ја доставиле и до челниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз, па може да се случи Сампаоли да не ја води селекцијата против Нигерија. Неговото место би го зазел Хорхе Буручага, 55-годишниот тренер и легенда на аргентинскиот фудбал.

Се вчитува...