Меси исчезна од Инстаграм

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, предизвика хаос на социјалните мрежи денеска откако мистериозно исчезна неговиот профил на Инстаграм. Од профилот необјасниво ги снема сите објави како и сите „следачи“. Случката беше бурно проследена на Твитер.

Последната објава на Меси беше од вчера и беше честитка за националниот празник на Аргентина Денот на почетокот на револуцијата во неговата родна земја, 25. мај, датум кој го означува почетокот на независноста на државата која беше шпанска колонија.

По извесно време профилот исто како што исчезна, мистериозно се врати на Инстаграм заедно со сите 152 милиони „следачи“. Нема објаснување дали се работи за хакерски напад или едноставно за проблем на Инстаграм.

 

 

 

Се вчитува...