Меси „изеде“ седум тренери, најдобро е веќе да не игра за Аргентина

Аргентина денеска го игра клучниот натпревар за пласман во осминафиналето на СП 2018, а во меѓувреме не стивнуваат критиките на адреса на Лионел Меси. Асот на Барса одигра катастрофално во првите две кола, најпрвин промаши пенал што ќе донесеше победа против Исланд, а потоа беше далеку под своето ниво и на дуелот со Хрватска.

Еден од оние кои најгласно го критикуваат е аргентинскиот тренер Рикардо Ломбарди, кој моментно го води тимот на Тигрес и смета дека на „гаучосите“ би им одело многу подобро ако го немаат Меси во составот.

Најдобро е Меси веќе да не игра за Аргентина. Тој веќе „изеде“ седум тренери, мислам дека намерно одигра лошо за Сампаоли да биде фрлен во оган. Сега заслужува да го избркаат поради односот кон репрезентацијата, не се грижи за никого, не игра според тактиката на селекторите, самиот ги бира соиграчите, и тоа не оние најдобрите, туку оние кои нему најмногу му се допаѓаат“ – изјави Ломбарди.

Останува вечерва да го проследиме одговорот на Меси, кој доколку доживее ново фијаско речиси сигурно ќе објави дефинитивен крај на својата репрезентативна кариера.

Се вчитува...