Меси ја заврши „војната“ со Барса: Погрешив, ја прифаќам и мојата одговорност…

Лионел Меси се одлучи повторно да се огласи во јавноста ставајќи точка на „војната“ со Барселона која траеше изминативе месеци. Првата ѕвезда на каталонскиот гигант жестоко го критикуваше раководството на клубот, побара и трансфер но ја повлече одлуката по заканите од претседателот Жозеп Бартомеу.

Откако го стивна револтот поради сопствената ситуација, потоа повторно го прозва клубот откако беше продаден Луис Суарез, и воопшто не беше благ во критиките. Сепак, по се одлучи да стави точка преку интервјуто за „Спорт“…

„По сите случувања и несогласувања, би сакал да завршам со сите овие работи. Сите мора да бидеме обединети и мислам дека за нас најдоброто сега следи“ – вели Меси и дополнува:

„Ја прифаќам одговорноста за своите грешки, доколку постоеја. Ги правев само за да го подобрам функционирањето на клубот. Сакам да испратам порака до сите навивачи дека, ако се вознемирени поради моите постапки, тоа сум го кажал или направил од најдобар интерес за клубот. Во тоа не треба да се сомневаат“.

Се вчитува...