Меси: Ќе биде лудо ако не успееме да ја поминеме групата

Најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, вели дека е убеден дека неговиот тим ќе го победи Катар во последното коло од групата Б на Копа Америка. По ремито со Парагвај (1-1), „Гаучосите“ имаат само еден бод од два натпревари и им прети елиминација првпат по 1983 година.

„Видов тим кој сигурно ќе победи во следниот натпревар. Мораме да играме како екипа и да напредуваме, иако навистина е фрустрирачки тоа што не победивме. Во следниот меч играме за живот и смрт, и навистина би било лудо ако не успееме да ја пројдеме групата. Не се сомневам дека ќе пројдеме“, вели Меси.  

Покрај двете првопласирани репрезентации од секоја група, во четвртфиналната фаза пласман ќе обезбедат и двете најдобро третопласирани селекции.

Се вчитува...