Меси ќе биде подготвен за СП, Аргентина славеше во последната контрола (ВИДЕО)

Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3-0 во Обрн. Убаво е да се завршат подготовките пред светското првенство убедливо со победа, но најважно за бранителот на тронот е што Лионел Меси доби минутажа во овој натпревар. Тој влезе во последните 20 минути и покажа дека ќе биде подготвен за Мундијалот.

Практично штом влезе во игра во 72. минута, беше досуден пенал за Аргентина, кој ѕвездата на Интер Мајами го претвори во гол. Аргентинците поведоа со гол на Валентино Барса во осмата минута. А конечните 3-0 ги постави Тијаго Алмада во 86. минута.

Аргентина на СП е во групата Ј, а нивниот прв натпревар ќе биде против Алжир на 17 јуни.

Argentina 2-0 Iceland – Lionel Messi penalty 72'
byu/977x insoccer

Се вчитува...