Меси ќе продолжи да игра за Аргентина

Лионел Меси ќе продолжи да игра за селекцијата на Аргентина и нема да ја прекине кариерата во националниот тим по неуспешниот настап на „гаучосите“ на Светското првенство во Русија. Ова го објави претседателот на АФА, Клаудио Тапија.

„Ние си пишавме неколку пати. Тој ужива во летниот одмор со своето семејство. Единственото за кое разговаравме со него, е дека тој ќе продолжи да игра за националниот тим на Аргентина. Не зборувавме за Мундијалот во Русија, ниту за било што друго. Со Меси имаме извонредни односи. Тој многу сака да игра за својата репрезентација, а Аргентина има потреба од него“, изјави претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина.

По елиминацијата на Аргентинците од СП 2018, се појавија шпекулации дека Лионел Меси можеби ќе каже „збогум“ на дресот со националниот грб.

Се вчитува...