Меси: Ќе земаме 70% помала плата, плус ќе плаќаме за вработените во клубот

Фудбалерите на Барселона целосно го прифатиле предлогот на управата на каталонскиот гигант, да земаат само 30% од предвидената плата според договорите во периодот во кој трае застојот на шампионатот во Ла Лига. Ова преку соопштение до јавноста го потврди најдобриот фудбалер на Барса, Лионел Меси, додавајќи дека покрај намалувањето на платите, играчите се согласиле и да уплатат извесна сума на пари, што ќе биде наменета за луѓето вработени како администрација во клубот да не ги загубат своите работни места.

„Искрено ни е жал за сите оние кои го следат секој наш потег, гледаат под „микроскоп“ и вршат притисок за нешто за што отсекогаш бевме свесни дека ќе го направиме и без никаков притисок. Разговорите течеа неколку дена за да биде најдено најдоброто можно решение, на крајот ние одлучивме дека тоа е не само да имаме намалување на платите во висина од 70%, туку и самите да покриеме дека од трошоците за членовите од администрацијата на клубот да заработуваат 100% од своите плати. Јасно е дека ова е вонредна ситуација, сега е моментот ние да им помогнеме на оние кои секогаш ни помагале на нас во клубот“, порача Меси.

Каталонскиот гигант уште еднаш ја потврди својата големина, но и единството што владее во него…

Се вчитува...