„Меси манијата“ во САД донесе и жестока физичка пресметка (ВИДЕО)

Интер Мајами и Далас одиграа спектакуларен осминафинален натпревар во Лига купот на Северна и Центална Америка, натпревар проследен со осум голови во регуларниот дел во кој на победа и пласман во четвртфиналето по изведување на пенали се радуваа Лео Меси и неговите соиграчи.

Аргентинскиот ас доминираше на теренот и со спектакуларен гол од слободен удар донесе изедначување од 4-4 откако неговиот тим имаше негатива од 4-2, но сенка на спектаклот останаа немилите сцени на трибините каде фан на Меси физички се пресмета со двајца навивачи на Далас.

Се вчитува...