„Меси мораше да добие црвен картон, многу му се прогледува низ прсти“ (ВИДЕО)

Барселона повторно ги разочара своите навивачи со ремито (1-1) и на гостувањето против Алавес во Ла Лига.

Лионел Меси беше повеќе од нервозен на натпреварот во еден момент и жестоко реагирајќи, шутирајќи ја топката кон судијата Алехандро Хернандез. И покрај срамниот потег помина само со жолт картон.

„Меси мораше да биде исклучен и покрај тоа што топката не го погоди судијата. Со својот потег сакаше да го заплаши судијата и заслужи црвен картон. Мислам дека премногу му се прогледува низ прсти“ – истакна анализирајќи го натпреварот, фудбалскиот судиски експерт во Шпанија, Андухар Оливер.

 

Се вчитува...