Меси не издржа, распали по Сетиен: Тој не е за Барселона, не знае како до титулата во ЛШ

Барселона низ актуелната календарска година е еден активен „циркус“, а во последната епизода повторно е најдобриот фудбалер на тимот, Лионел Меси кој во последното интервју за каталонски „Спорт“ не издржа па распали по тренерот Кике Сетиен.

Меси, како што вели, не му верува на тренерот. Не верува дека може да го однесе клубот до посакуваните трофеи.

„Секој има свое мислење. Моето е темелено на тоа што јас буквално секоја сезона во кариерата сум играл во Лигата на шампионите. Мене ми се чини дека Сетиен не се вклопува во приказната на Батселона. Таа приказна „Барселона и Лига на шампиони“ некако како да ја разбрал погрешно“ – вели Меси за „Спорт“.

Сетиен на клупата пристигна на местото на Ернесто Валверде. Тој и понатаму упорно тврди дека Барселона има се неопходно за да ја освои Лигата на шампионите, но Меси не се согласува со него…

„Јас лично никогаш не сум се сомневал во тимот. Немам двојба дека ние фудбалерите може да победиме на секој натпревар ако сезоната продолжи, но… Не онака лошо како што игравме последните неколку натпревари пред прекинот на натпреварувањето. Ако така играме, не верувам во ЛШ“ – вели Лионел Меси.

Се вчитува...