Меси не може да замине ниту на вечера во Аргентина (ВИДЕО)

Лионел Меси не може да отиде ниту на вечера во ресторан во родната Аргентина, откако синоќа во Буенос Аиресе пред ресторанот „Дон Хулио“ се собраа илијадници навивачи. Сите сакаа да го видат својот сонародник кој им ја донесе титулата на СП, а пред ресторанот настана општ хаос.

На Меси не му беше лесно, но цело време со насмевка се справуваше со ситуацијата. На крајот благодарение на обезбедувањето кое доби засилување и од полицијата некако успеа да влезе во автомобилот и да си замине.

 

Се вчитува...