Меси не остана должен, му врати на легендарниот Пеле

Капитенот на Барселона, Лионел Меси му се заблагодари на легендарниот бразилски напаѓач Пеле за упатените честитки.

Аргентинецот со гол на саботниот дуел против Валенсија (2-2) го изедначи рекордот на Пеле по бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб. Меси постигна 643 погодоци за каталонскиот тим, додека Бразилецот постигна ист број на голови за Сантос, за кој играше од 1956 до 1974 година.

„Благодарен сум за убавата порака, Пеле! Беше многу убаво. Тие зборови ми значат многу, со оглед на тоа што ги кажа одличен фудбалер. Топла прегратка до вас “, рече Меси.

Каталонците до крајот на 2020 година во Ла Лига ќе играат со Валjадолид и Еибар, па се очекува Аргентинецот да го сруши рекордот на Пеле на следните два натпревари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Се вчитува...