Меси: Не престанав да сонувам, но и да работам многу напорно

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои шестата „Златна топка“ во кариерата, ласкаво признание кое му се доделува на најдобриот играч за тековната година, и го надмина Кристијано Роналдо кој засега има пет индивидуални награди. Асот на Барселона не заборави да им се заблагодари на соиграчите од каталонскиот тим, но и на семејството.

„Не престанав да сонувам сите овие години, како што кажа и мојата сопруга во видео-пораката, но и не престанав да работам напорно. Среќен сум што повторно ја добивам оваа награда и би сакал да ја споделам со целиот тим на Барселона, сите тренери, фудбалери, како и со фановите на клубот и на репрезентацијата на Аргентина. Времето лета брзо и се надевам дека уште неколку години ќе можам да играм на високо ниво и да се борам за трофеите во Шпанија, во Лигата на шампионите и на мундијалот“, изјави Лионел Меси по добивањето на шестата „Златна топка“ во кариерата.

Се вчитува...