Меси, незаинтересиран на терен, не сакал да игра за Барса? Стигна и одговор… (ВИДЕО)

Лионел Меси наиде на бројни критики по мечот на Барселона против Динамо Киев во Лигата на шампионите. И покрај постигнатиот гол и триумфот на каталонскиот тим, сериозни замерки имаше околу неговото однесување на терен и неангажираноста на натпреварот.

Меси во неколку наврати се „шеткаше“ по теренот за време на напади на украинскиот тим, делувајќи целосно незаинтересирано.

Но, дел од навивачите на Барселона, барем оние кои силно го поддржуваат Меси, се обидоа да објаснат дека не било баш така како што се претставува во јавноста. Па, интензивно споделуваат видео на кое може да се забележи Аргентинецот како по акција на противниците силно тргнува во спринт да запре контранапад…

 

Се вчитува...