Меси од пенал донесе три бода за Барселона

Барселона оствари минимален триумф (1-0) над Валјадолид на „Камп Ноу“ и повторно побегна седум бода во однос на Атлетико Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.

Лионел Меси од пенал во 43.минута го постигна победничкиот погодок на натпреварот. Во самиот финиш беше досуден уште еден пенал за каталонскиот тим, но Меси не успеа по вторпат да реализира удар од белата точка.

Се вчитува...