Меси одвоен од екипата ќе се врати во Аргентина

Аргентинските фудбалери заминаа на најголемата фудбалска битка како светски шампиони, но на крајот не успеаја да ја одбранат титулата откако завршија како сребрени. Весникот „Оле“ пишува дека во Буенос Аирес слетал авион без деветмина фудбалери кои патуваа на Светското првенство, вклучително и капитенот Лионел Меси.

„Лионел Меси не пристигна во Буенос Аирес со остатокот од тимот“, пишува „Оле“.

Непосредно пред полноќ по локално време, Фудбалската асоцијација на Аргентина ги објави деталите за враќањето од САД.

„Поединечни играчи ќе патуваат директно кон други дестинации за да им се приклучат на своите клубови или да започнат одмор. Дел од делегацијата, составена од играчи, стручниот штаб и останатиот персонал, ќе се врати во Аргентина, а пристигнувањето во Буенос Аирес се очекува околу 17 часот“, се наведува во соопштението.

Поаѓањето доцнеше неколку часа, па авионот полета дури во понеделникот околу седум часот наутро по локално време.

Лионел Меси не беше на летот за Буенос Аирес, а исто така на летот не беа уште деветмина членови на репрезентацијата кои беа меѓу најзаслужните за пласманот на Аргентина во финалето. Станува збор за Родриго де Пол, Енцо Фернандез, Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Херонимо Рули, Николас Паз, Кристијан Ромеро, Нахуел Молина и Хуан Мусо.

Се вчитува...