И покрај големите несогласувања со раководството на тимот Лионел Меси одлучи да остане во Барселона и сезонава. Сепак, дека ништо веќе нема да биде исто покажа последниот пост на Аргентинецот во кој се прости од својот најдобар пријател Луис Суарез кој по шест години го напушта „Камп ноу“. Тој покрај останатото напиша дека Суарез не заслужил на тој начин да биде избркан од клубот, што уште еднаш сугерира на тоа дека иако остана во Барса, гневот се уште е присутен кај еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
„Суарез пријателе, не заслужи вака да те избркаат. Ти си еден од најважните фудбалери во историјата на клубот. Но, вистината е дека во моментов ништо не може да ме изненади“, напиша Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА