Меси: Постојано добиваме лекции од некого

Лионел Меси не го криеше разочарувањето по поразот на Аргентина од Колумбија (0-2) на стартот од Копа Америка, но нагласи дека нема време за кукање и тимот ќе мора да продолжи во трката за освојување на титулата.

„Мора да гледаме само напред, да ги подигнеме главните и продолжиме понатаму. Има уште доста да се игра на овој турнир“ – вели Меси, кој признава дека Аргентина постојано добива лекции од некого.

„Не знам што се случува. Постојано добивале лекции од некого, и покрај тоа што ете не игравме лошо на овој натпревар. Практично, во моментите кога ние игравме најдобар фудбал на мечот тие двапати погодија“ – вели најдобриот фудбалер на аргентинската селекција.

Се вчитува...