Меси против Јувентус ќе го „брише“ најлошиот старт на сезона

Лео Меси го има најслабиот голгетерски почеток на сезона по 12 години. На шест одиграни средби тој има само два гола и тоа двата од пенал. Ова му е најслабиот ефект од сезоната 2007/08 и во таа сезона постигна вкупно 16 гола што е помалку од половина од следната во која беше стрелец на 38 гола.

Меси ги почна сите натпревари сезонава за Барселона и играше по 90 минути, но не успеава да го најде патот до голот на противниците. „Ел Класико“ не беше исклучок од овој тренд. Тој нема гол ниту асистенција на последните четри натпревари во Ла Лига што му е израмнување на ваквиот лош рекорд од 2014 година. Тој собра вкупно 515 неславни минути без гол против најголемиот ривал, Реал Мадрид.

По сезоната 2007/08, Лео Меси секогаш постигнувал најмалку три гола на воведните шест натпревари од сеозната. Единствен исклучот е минатата сеозна, но тоа е поради отсуството на четири средби поради повреда.

 

Се вчитува...