Меси против омилениот „пациент“, ќе успее ли Севилја да го запре Лео?

Барселона вечерва ќе ја пречека Севилја во дербито на колото во Ла Лига, а пресметките меѓу овие два тима со години наназад минуваат во знакот на Лионел Меси. Статистиката вели дека Севилја е омилениот „пациент“ на аргентинскиот генијалец, кој во кариерата одиграл 39 средби против ривалот од Андалузија, притоа постигнувајќи 37 погодоци (29 од нив во Ла Лига). Втор на оваа листа е Атлетико Мадрид со 32, пред Валенсија со 28 гола примени од Лео Меси.

Аргентинецот првиот погодок против Севилја го постигнал уште во 2006 година, кога на 15 октомври стрелаше прецизно при победата од 3-1 на „Камп Ноу“. Оттогаш Меси речиси на секој натпревар го наоѓа патот до мрежата на Севилја, а интересен е податокот дека од 2012 година тој редовно постигнувал најмалку по еден погодок годишно на дуелите со денешниот ривал, нешто што го нема сторено во 2020 година. Последниот гол на Меси против Севилја беше постигнат на 6 октомври 2019 година, а по одличниот старт на Барса во новата сезона јасно е дека гостите ќе немаат нималку лесна задача да го запрат Аргентинецот на вечерашниот дуел.

Вечерашното дерби воедно ќе биде и прв дуел на Иван Ракитиќ против Барселона по заминувањето на Хрватот од „Камп Ноу“. Одличниот играч за врска никогаш досега не ја совладал Барса во претходната епизода како член на Севилја, бележејќи две реми и пет порази во седумте пресметки со каталонскиот гигант.

Се вчитува...