Лионел Меси успешно ја санира повредата на лакотот со која се здоби на дуелот со Севилја на 20 октомври и веќе почна да тренира. Веста за за враќањето на првата ѕвезда на каталонскиот тим беше објавена на официјалниот профил на клубот на социјалните мрежи. Аргентинецот работи со полн интензитет во тренинг центарот „Џоан Гампер“ и се очекува за неколку дена да почне со тренинзи со остатокот од тимот.
Според првичните најави, се очекуваше подолга пауза, но за среќа на Барселона, отсуството на првата ѕвезда во тимот не се почувствува многу на резултатите. Во двата претходни натпревари без Меси во составот, Барса го победи Интер (2-0) во Лигата на шампионите и славеше убедливо против Реал Мадрид (5-1) во големото шпанско дерби.
Меси најверојатно нема да биде во составот на Барселона за саботниот натпревар во Примера против Рајо Валјекано, а во таборот на каталонскиот гигант се надеваат дека тој би можел да се појави за гостувањето против Интер во ЛШ. Во најлош случај асот на Барса ќе паузира до репрезентативната пауза, по што би бил максимално подготвен за големото дерби со Атлетико закажано за 24 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА