Меси се соочи со вистината, не е најдобар ниту во историјата на Барселона

Аргентинскиот генијалец Лионел Меси доби уште еден голем удар од фановите и загуби во изборот за најдобар во историјата на Барселона. Навивачите на каталонскиот гигант го избраа Диего Марадона пред Меси, во гласањето за најдобар на сите на времиња на „Камп Ноу“. Интересно е дека Марадона само две години го носеше дресот на Барселона, а Лионел Меси целата кариера ја посвети на каталонскиот гигант и освои 35 големи трофеи.

Само два дена претходно, Лионел Меси „загуби“ и од Кристијано Роналдо во изборот на навивачите за најдобар фудбалер во историјата на Ла Лига.

Фановите на Барселона одлучија дека Диего Марадона е сепак „поголем“ од Лионел Меси и го ставија на пиедесталот, а третото место му припадна на Бразилецот Роналдињо. Во изборот сепак одлучувачки фактор имаа карактеристиките на фудбалерот, а не освоените титули со Барселона. Четвртата позиција му припадна на холандскиот волшебник Јохан Кројф, а петти во историјата е Андрес Иниеста. Следуваат Чави, Карлес Пујол, Роналдо, Жерар Пике и Луис Суарез во првата „десетка“.

Интересно е дека Ривалдо е дури на 15.место, Роналд Куман уште две позиции подолу, а веднаш зад него и Ромарио и Христо Стоичков…

 

Се вчитува...