Меси: Сега сум добро, но летово не беше така

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси призна дека се чувствувал лошо во текот на летото, но додаде дека сега е возбуден од сè што го чека.

Аргентинецот бараше трансфер во текот на летниот преоден рок. Сепак, бидејќи каталонскиот клуб не се откажа од обештетувањето, Меси реши да остане на стадионот „Камп Ноу“ барем до истекот на неговиот договор.

„Денес се чувствувам добро. Вистината е, не беше така во текот на летото. Причината за тоа е лошата сезона која завшри минатата година. Но, денес сум добро. Возбуден сум за сè што доаѓа, подготвен сум да се борам. Знам дека клубот минува низ тежок период, но јас сум расположен “, рече Меси.

За време на викендот, Меси го изедначи рекордот на легендарниот Пеле по бројот на голови за еден клуб, бидејќи го постигна 643-от гол за Барселона.

Се вчитува...