Лео Меси конечно оваа сезона успеа да се приилагоди во Гранција и да ја покаже својата магија во ПСЖ. Меѓутоа, неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на актуелната сезона, па неговата иднина е главна тема во медиумите.
Веќе се појавија шпекуалции дека Меси може да се врати во Барселона на лето. Меѓутоа, шпанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот ги одбива повиците на претседателот Лапорта.
Тоа значи дека Меси нема намера да се врати на „Камп Ноу“ и најверојатно ќе потпише нов договор со ПСЖ. Францускиот клуб веќе му понуди продолжување на соработката,, а како опција се споменува и преселба во МЛС-лигата, и тоа во таборот на Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам. Конечната одлука Меси ќе ја донесе после Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА