Меси со нова донација: Уште 500.000 евра за борба против коронавирусот

Лионел Меси продолжува со давањето на помош на оние на кои таа им е најнеопходна во периодот на светска пандемија од коронавирус.

Асот на Барселона веќе донираше еден милион евра на каталонска фондација за борба со Ковид-19, а денеска беше обелоденета и неговата донација во татковината. Имено, Меси издвоил 500.000 евра за фондацијата Гарахан, за помош во борбата со новата болест.

„Со овие пари ќе биде купена заштитна опрема за медицинскиот персонал за неколку реони од државата, сето она што им е неопходно на докторите и медицинските сестри на првата линија од фронтот. Ти благодариме Лео Меси за донацијата“, изјави директорот на Гарахан фондацијата, Силвио Касаб.

Се вчитува...