Меси изненади – еве каде сака да игра пред да ја заврши кариерата

Без сомнение, 2020 година беше најтешката сезона во кариерата на Лионел Меси. Аргентинецот и неговите колеги останаа без титулата во Примера, а претрпеа и шокантен пораз од Баерн (2-8). Ова беше и една од главните причини, поради кои Лео во текот на летото се обиде на сите начини да ја напушти Барселона, каде веќе не е среќен.

Во интервју за шпанската телвизија „Ла Секста“, Аргентинецот рече дека нема да преговара со други клубови во јануари и дека ќе почека до крајот на сезоната за да донесе конечна одлука. Меси исто така објасни дека сака оваа година да биде успешна за него, како и дека ќе има избори за нов претседател на клубот:

„Изборите се пред нас, па ќе видиме … Се надевам дека ќе освоиме две или три титули, а во јуни ќе одлучам “, рече Меси.

Претходно се шпекулираше дека Манчестер Сити го посакува, во трката се вклучи и ПСЖ, но тој не спомена ниту еден европски клуб кога зборуваше за иднината.

“Отсекогаш сонував да играм во друга лига, особено во САД. Можеби тоа ќе се случи, а може и да не се случи веднаш … Сега сум фокусиран само на следните шест месеци”, рече Меси, со што предизвика вниамние по оваа изјава, особено од Интер Мајами, предводен од Дејвид Бекам.

Се вчитува...