Меси цврсто одлучен: Заминува од Барса, почеток на преговори со Сити!?

Лионел Меси, според пишувањата на шпанските медиуми, и дефинитивно ги прекинал преговорите со Барселона околу продолжување на меѓусебниот договор.

Сето тоа отвори и бројни шпекулации околу неговата идна дестинација. Според англиските медиуми, пак, Меси веќе почнал преговори за трансфер во Манчестер сити. Оваа информација ја потврди и поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Ривалдо.

Факт е дека Манчестер сити, доколку го посакува Меси, ќе треба да издвои сериозна сума за откуп од Барселона. „Граѓаните“, како што е познато, поради нарушување на финансискиот фер-плеј нема да играат следната сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...