Меси во „Ел Класико“ нема постигнато гол цели 900 дена…, но и како кога пред себе го има Рамос (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше во саботното „Ел Класико“ со 1-3 на гостувањето против Барселона во 7. коло од Ла Лига. Најдобри на терен Серхио Рамос и Лука Модриќ.

Капитенот Рамос повторно беше на високо ниво, постигнувајќи гол од пенал во 63. минута, а во 95. минута воодушеви и со, за него својствена, дефанзивна реакција. Неколку секунди пред крајот на дербито кон голот на Куртоа се впушти Лионел Меси но наиде на Рамос кој имаше атрактивна, елегантна и несекојдневна дефанзивна реакција.

За Меси ова беше продолжување на црната низа. Аргентинецот и натаму е на 26 гола од „Ел Класико“, но нема постигнато погодок на најголемото дерби во Шпанија од 6. мај 2018 година, односно од последниот дуел со Кристијано Роналдо. Од тогаш се минати повеќе од 900 дена. Меси не постигнал гол на последните седум дерби дуели останувајќи без гол 530 минути.

Се вчитува...