„Меси заслужува трофеј во Копа Америка“

Претседателот на Јужноамериканската фудбалска федерација, Алехандро Домингез смета дека Лео Меси заслужува во кариерата да има трофеј и од Копа Америка. Тој вели дека недоразбирањата со арентинскиот ас кои тргнаа од критиките на Меси по победата на Аргентина над Чиле во дуелот за третото место се разрешени.

Меси кој беше исклучен од натпреварот изјави дека не сака да учествува во наместено натпреварување и оти било догoворено трофејот да го освои Бразил. Домингез објаснува дека оттогаш не се сретнал лично со Меси, но дека посредно имало меѓусебни извинувања и дека недоразбирањата се расчистени.

Во интервју за шпанска Марка, претседателот на Комнебол објаснува дека организацијата силно ја погодиле изјавите на Меси  и оти не е едноставно некој како него да искаже такви критики.

Годинашното издание на Копа Америка ќе се одржува во Колумбија и во Аргентина, а Меси повтoрно ќе се обиде да дојде до првто големо одличје со националниот тим.

Се вчитува...