Место најава: Пораките кои фудбалерите ги оставија како ветување пред себе и пред Македонија!

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Место било какво најава за натпреварот кон кој денеска е фокусирана целокупната македонска јавност… Пораките кои македонскиот селектор и фудбалерите ги оставија како ветување пред себе и пред Македонија, како водач-потсетник на патот до остварување на сонот!

ИГОР АНГЕЛОВСКИ: „Горане, ти благодарам за се. Сега, поведи ги нашите браќа до пласман на Европско првенство“.

ГОРАН ПАНДЕВ: „Погледнете каде бевме пред пет години, а погледнете каде сме сега…Емоциите ме совладуваат и мене покрај толку многу години фудбал и натпревари минати во елитниот европски фудбал. Но, ме совладуваат затоа што овој пат се работи за Македонија. Овој пат се работи за сите нас и сите во Македонија кои очекуваат да ја донесеме најголемата спортска радост“.

ВИСАР МУСЛИУ: „Да не се лажеме, ќе биде тежок натпревар, но подготвени сме да гинеме на терен.“

БОБАН НИКОЛОВ: „Ова е момент за вистината за една генерација…, за еден сон, за историја!“

ЕЗГИЈАН АЛИОСКИ: „На само една победа сме од остварување на сонот. Ова е шанса која не се пропушта.“

СТЕФАН РИСТОВСКИ: „Заедно до крај. За нас и цела Македонија!“

АРИЈАН АДЕМИ: „Посакувам да играм. Со сето мое срце сакам да им помогнам на моите соиграчи затоа што ова е натпревар кој верувам еднаш се доживува.“

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ: „Кога играш во репрезентацијата, заедништвото е клучен фактор за успехот. Чест е и задоволство да се биде дел од еден ваков момент.“

ЕЛИФ ЕЛМАС: „Ова е голем меч… Ќе го одиграме и за себе, и за тимот, и за Македонија!“

ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ: „Не чека финале во Лигата на нации. Натпревар во кој нема тактика, но ќе одлучува срцето и желбата за успех!“

Се вчитува...