Месут Озил шокираше: Излезе од игра на полувреме и донесе одлука – става крај на кариерата!

Месут Озил е решен да објави крај на кариерата, за што веќе поднел барање за раскин на договорот што го има со турскиот клуб Башакшехир.

Поранешниот ас на Реал Мадрид и на Арсенал веќе подолго време се мачи да влезе во натпреварувачки ритам, но го допре дното токму во Башакшехир, каде тренерот долго време воопшто не сметаше на неговите услуги. Тој конечно доби шанса од првата минута против Кајсери, но беше заменет на полувремето, што според информациите на турските медиуми само ја забрзало неговата одлука за пензионирање.

Имено, тој воопшто не го дочекал крајот на натпреварот и го напуштил стадионот, а веќе наредниот ден заминал на состанок со претседателот на клубот, инсистирајќи да добие раскин. Озил воопшто не се појавувал на тренинзите на Башакшехир во последните денови, јасно ставајќи до знаење дека раскинот му е потребен за крај на кариерата, а не за преселба во друг клуб.

Штета, доколку најавите станат вистина, тоа ќе биде неславен крај на активното играње на фудбалскиот генијалец…

Се вчитува...