„Металците“ положија, ама си добија лекција: Не се опуштај прерано… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје Аеродром го продолжи победничкиот ефект во Суперлигата, ама чесно се намачи против Куманово (81-76) во „Јане Сандански“. Избраниците на Анте Назор имаа двоцифрена предност, но како да помислија дека работата е веќе завршена, па тоа можеше да им се одмазди. Не мислеа така кумановци и посебно Караџовски, кој одигра одличен меч. Дуелот влезе во пенал – завршница, па „металите“ се ’тресеа’ до последен момент за победата.

На крајот – положија, но сигурно и научија нова лекција. Не се опуштај прерано, затоа што тоа може многу да те чини. Секако, тренерот Назор ќе треба повторно да ги испраша…

[new_royalslider id=”576″]

Се вчитува...