Металург налета на Монпелје, но сите други ривали се победливи

Во таборот на Металург можат да бидат задоволни од добиените противници во групната фаза од Лигата на шампионите, откако македонскиот првак како носител на групата Д доби ривали со кои може да се надигрува и да атакува на висок пласман.

Францускиот прволигаш Монпелје важи за апсолутен фаворит за првото место во групата, но „металурзите“ сигурно ќе имаат што да кажат во пресметките со останатите ривали. Украинскиот Мотор Запорожје и рускиот првак Чеховски медведи се добро познати ривали од претходните сезони, во Скопје ќе допатува и турскиот шампион Бешикташ, а последен ривал ќе биде најдобриот тим од квалификациската група во која ќе учествуваат Спортинг Лисабон (Португалија), Кокс (Финска), Татран Прешов (Словачка) и Алпла (Австрија).

Само за потсетување, пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите две екипи од секоја група, кои потоа ќе разигруваат меѓу себе (Ц1 – Д2 и Ц2 – Д1) за пласман во осминафиналето.

ГРУПА Ц: Адемар Леон, Скјерн, Горење, Шафхаузен, Динамо Букурешт, Елверум.

ГРУПА Д: Металург, Мотор Запорожје, Монпелје, Бешикташ, Чеховски медведи, квалификант.

Се вчитува...