Металург победник на „Мастер Гренобл“ во Франција

Ракометарите на Металург се победници на интернационалниот турнир „Мастер Гренобл“ во Франција, откако во финалето славеа против шпанскиот тим Бидасоа со 32-31 (17-14).

„Металурзите“ сосема заслужено стигнаа до трофејот на турнирот, контролирајќи водство во текот на целиот дуел, иако на крајот низ неизвесна завршница стигнаа до победата.

Како што е познато, вчера во полуфинална пресметка Металург го победи и домаќинот Гренобл со 28-27 (13-12).

По овој турнир, за време на подготовките во Франција македонскиот тим ќе одигра уште три пријателски натпревари против Екс Прованс, Ним и Сент Рафаел.

Се вчитува...