Металург потпиша уште еден играч за следната сезона

Металург по потпишаните нови договори со тренерот Марковски и со Златко Хорват, денеска договори останување на уште еден ракометар за наредната сезона.

Станува збор за Василије Калуѓеровиќ, црногорскиот бек кој пристигна пред неколку месеци и прикажа серија добри игри во дресот на „металурзите“. Црногорецот максимално го искористи периодот додека повреден беше Тарабокија и се наметна кај тренерот Марковски, по што денеска беа договорени условите за продолжување на соработката за уште една сезона.

Управата на клубот се уште чека одговор од македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов, кој има добиено понуда за продолжување на соработката, но исто така десниот бек има понуди и од уште неколку клубови од домашната ракометна сцена.

Се вчитува...