Металург, пресилен за Охрид, до 3. место во Струга (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург го освои третото место на традиционалниот турнир „Струга 2020“ откако во малото финале славеше против Охрид со 31-26.

Охриѓани одлично го почнаа мечот со 1-5 во своја полза, но потоа „металурзите“ презедоа се во свои раце, па веќе на полувремето стигнаа и до предност од 15-13.

Во второто полувреме доминација на Металург, па дополнително зголемена предноста за конечна победа од пет гола разлика.

 

Се вчитува...