Металург не можеше да има потешка задача на стартот од новата сезона во ЛШ, откако со утврдениот ждреб македонскиот вицепрвак на стартот од групата Д ќе мора да гостува во Монпелје. Францускиот тим е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата, па јасно е дека „металурзите“ својот најтежок меч ќе го играат на самиот старт, закажан за 13 до 17 септември.
Веднаш потоа ќе следат две домашни средби за клубот од Автокоманда, најпрвин со Бешикташ, а потоа и против екипата што преку квалификации ќе стигне до место во групата Д. Веднаш потоа ќе следат две гостувања на „исток“, најпрвин во Украина против Мотор Запорожје, а потоа и во Русија против Чеховски медведи.
Само за потсетување, пласман во следната фаза обезбедуваат најдобрите две екипи од групата, кои разигруваат со најдобрите од групата Ц за место во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА