Металург убедлив против Прилеп за прва победа во Струга… (ФОТО)

По вчерашниот пораз од Е. Пелистер, ракометарите на Металург убедливо победа од 33-24 против Прилеп во второто коло од натпреварите по групи на традиционалниот турнир „Струга 2020“.

„Металурзите“ од самиот старт на дуелот јасно ја потврдија фаворитската улога. Одличен на голот на Металург беше Даниел Ѓорѓески, па на полувремето се замина со предност од 13-11.

Во вториот дуел уште поубедлива игра на Металург за конечна победа од двете гола разлика. Победничкиот импулс за Металург до дадоа помладите ракометари, Шилегов, Кондев, Младеновиќ и Додиќ, кои вкупно постигнаа 20 погодоци. Најефикасен беше Шилегов со осум погодоци, а Кондев заврши со 6 гола. На голот одлично издание имаше Даниел Ѓорѓески, кој одбрани 16 удари, меѓу кои и два седмерци.

Се вчитува...