Металург во првиот шешир за групите Ц и Д во Лигата на шампионите

Македонскиот вицепрвак Металург ќе ја има улогата на носител при извлекувањето на групите Ц и Д од Лигата на шампионите. Клубот од Автокоманда има привилегиран статус поради успесите од пред неколку сезони, кога во низа стигнуваше до четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Затоа, Металург на ждрепката што ќе се одржи во Љубљана на 30 јуни ќе биде во првиот шешир заедно со шпанскиот претставник Адемар Леон, со кого „металурзите“ нема да можат да се сретнат во првата фаза.

Во вториот шешир се наоѓаат данскиот Скјерн и украинскиот Мотор, додека дел од третиот шешир е францускиот состав Монпелје.

Само за потсетување, пласман во следната фаза обезбедуваат првите две екипи од секоја група, кои потоа преку двомеч (Ц1 – Д2 и Д1 – Ц2) се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампионите.

sesiri metalurg

Се вчитува...