Металург во трилер завршница го доби дербито со Бутел

Металург го доби Бутел на гости со 19-20 во дербито на Б групата во ракометната суперлига на Македонија. Во првото полувреме во еден момент гостите имаа предност и од четири голови (7-11), но до крајот на првите триесет минути бутелчани успеаја да се вратат и на пауза да заминат со негатива од само еден гол (10-11).

Во вториот дел продолжи израмнетата игра, а во финишот херој на тимот од Автокоманда беше голманот Дупјачанец кој со неколку интервенции беше најзаслужен за конечниот триумф од 19-20.

Златко Хорват со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека еден помалку постигна Серафимов. Кај поразените Мирко Мајиќ заврши со седум гола.

Се вчитува...