„Метла“ и во Аеродром – МЗТ Скопје ќе се бори за титула против Еуро Никел

МЗТ Скопје се пласираше во финалето од разигрувањето за титула откако на домашен терен славеше со 89-78 над Пелситер за „метла“ во полуфиналната серија. Избраниците на Радуловиќ одиграа одличен натпревар во кој доминираа во рекетот со 48 постигнати поени, одлично трчаа во транзиција, сегмент од играта од кој постигнаа 20 поени и во ниеден момент не ја загоризија победата.

МЗТ Скопје доминантно го отвори натпреварот. Аеродромци со добриот проток на топката целосно ја користеа висина во рекетот каде што високите играчи направија голема разлика, постигнуваќи 14 поени и веќе по 10. минути игра поведоа со 25-18. Добриот ритам на „сино-белите“ продолжи и во поголемиот дел од првото полувреме, во еден момент избарниците на Радуловиќ стигнаа и до +10 (36-26), меѓутоа финишот на првите 20. минути му припадна на Пелистер, кој благодарение на Кесар, Малешевиќ и Калахан успеа да ја преполови предноста на домаќините (48-43).

Добриот моментум на Пелистер продолжи и во третата четвртина во која преку одличниот Стајиќ и тројката на Калахам, „зелено-белите“ успеаја да се доближат на негатива од само еден напад (58-56). Сепак МЗТ Скопје навремено ги консолидираше своите редови, стигна и до лесни поени, а и ја зацврсти одбраната со што ја врати високата предност (70-59). Домаќините умешно ја користеа ширината на тимот и продолжија да го контролираат мечот до самиот крај, не дозовлувајќи им на гостите да се надеваат на победа.

Фени Олуџоби беше првото име во редовите на МЗТ Скопје со 20 поени и 4 скока, 13 поени додаде Дамајан Стојановски, додека него го следеше Андреј Магдевски со 12 поени и 6 асистенции. Како двоцицрени со по 10 поени натпреварот го завршија и Бојан Крстевски и Андрија Бојиќ. Македонецот додаде и 10 скока, додека Србинот шест.

Целата прва петорка на Пелистер постигна двоцифрен број на поени, а најрасположен со 30 поени и 6 асистенции беше Бобан Стајиќ. 14 поени и 9 скока додаде Игор Кесар, Никола Малешевиќ натпреварот го заврши со 12 поени и 4 асистенции, додека Силаџи и Калахам дополнија по 10 поени.

Во финалето од првенството скопските „сино-белите“ силите ќе си ги одмерат против Еуро Никел кој денеска славеше во вториот натпревар во серијата против Работички со 88-87.

Се вчитува...