Методи Максимов потпиша тригодишен договор со Работнички

Работнички потпиша професионален договор со младиот и талентиран фудбалер Методи Максимов, објави клубот на својот официјален сајт. Тој стави потпис за тригодишна соработка со клубот од Дебар Маало.

Младиот офанзивец беше еден од најдобрите во младинската школа, репрезентативец во селекциите до 18 и до 19 години и оваа сезона доби шанса да биде дел од сениорскиот состав што го предводи Александар Влахо.

Се вчитува...