Мевлан Адили пред промоција во Шкупи

Довчерашниот фудбалер на литвански Жалгирис, Мевлан Адили треба да биде следното засилување на Шкупи за европските настапи ова лето, по вчерашниот ангажман на тројцата Сенегалци.

25-годишниот Адили, кој игра на централната дефанзивна позиција, по само шест месеци ја заврши соработката со Жалгирис и сега е на прагот на официјален договор за трансфер во Шкупи.

Претходно во својата кариера Адили има настапи и за романски УТА Арад, како и за тетовска Шкендија. За Шкупи настапуваше и во периодот од јули 2015 година до јануари 2017 година.

Се вчитува...