„Ми бараше 300.000 евра и ми се закануваше дека ќе ме убие“

Поранешниот фудбалер на Бенфика Франсиско Фонсека откри непријатно искуство кое го имал во Португалија во периодот кога настапувал клубот од Лисабон.

„Ми пријде еден хрватски бизнисмен и ми рече Франсиско не знам дали знаеш, но јас сум тој што те доведе во Бенфика. Му одговорив дека тоа не е точно бидејќи мене во Бенфика ме донесе претседателот на клубот, кој дојде за мене дури во Мексико. Тој ми бараше 300.000 евра бидејќи бил во добри односи со тренерот Фернандо Сантош и поради тоа јас сум играл. Сантош ми објасни дека нема никаква врска со него. По некое време повторно ме повика бизнисменот и почна да ми се заканува со смрт. Кога се вратив во Мексико, директорот на Бенфика мораше на суд поради мојот трансфер. Навистина не знам какви се игри имало“, изјави Фонсека. 

Фонсека во дресот на Бенфика помина само една сезона во која настапи на 13 натпревари и постигна три гола.

Се вчитува...