Миа Крстевска со нов државен рекорд на 1.500 метри

Младата Миа Крстевска од ПВК Орион постави нов апсолутен пливачки рекорд на Македонија во дисциплината 1.500 метри слободно, на Зимското државно првенство кое во организација на Пливачката федерација која ја предводи Александар Маленко се одржа викендов во Куманово.

Крстевска исплива со време од 17:45.25 минути, подобрувајќи го стариот рекорд на Симона Маринова кој беше со време од 17:56.51 поставен во 2010 година.

На Државното првенство настапија 217 пливачи од 16 клубови од Македонија кои ја поддржуваат страната на Александар Маленко во докажување околу легитимноста како челник на ПФМ. Како што е познато, Агенцијата за млади и спорт застана зад Дарко Нашков како нов претседател на ПФМ. Од федерацијата на Нашков најавија дека Зимското државно првенство ќе го одржат во април.

Победници по категории на Државно првенство во пливање – Куманово:

Помлади пионери и пионерки:

Стојановска Калина

Јовановски Јаков

 Постари пионери и пионерки

Петровска Ева

Стојановски Андреј

Кадети и кадетки

Ана Марија Пекчиновска

Антониј Симоновски

Младинки и младинци и апсолутна категорија: 

Миа Крстевска

Се вчитува...